ЦУК: Нема бесплатно заловување на змии

Во Скопје нема специјализирана служба за заловување на змии, што предизвикува незадоволство кај граѓаните. Проблемите се јавуваат и поради неинформираноста на дежурните на бројот 112 и поради тоа што услугата на приватни лица кои се бават со оваа работа не е бесплатна.

''Нема специјализирана служба за заловување на змии. Претходно граѓаните се лутеа кога дежурните на бројот 112 немаа никакви информации за тоа кој отстранува змии, а сега, кога дежурните најдоа контакти од лица кои се бават со тоа, повторно се лутат затоа што таквата услува не е бесплатна“, велат од ЦУК и додаваат дека не може пожарникарите да се повикуваат за секаква работа, особено не за ваква специфична и тоа во сезона на пожари.

''Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализираните институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните“, велат од ЦУК.

Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во гостување на Канал 5, изјави дека проблемот со множењето ма змии во градски средини се должи и на неодржување на зелените површини.