Македонскиот туристички бисер Охрид и оваа летна сезона мета на критики поради цените, но и поради патот дотаму.
Иако, цените на угостителските услуги се пораснати на ниво на државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика, бројни се коментарите дека домаќините од Охрид „дебело“ печалат на туристите.
Поплаки има и многу за автопатот кој никако да се изгради, а кој води до Охрид.
- Охрид треба да биде скап, ама треба за таа скапотија да понуди квалитет. Ако се цените на ниво на Венеција, Рим или Париз, храната и услугата и сѐ друго треба да биде на тоа ниво. Амбиентот, инфраструктурата и сите други елементи исто така треба да ги следат цените, пишуваат на социјалните мрежи.
- За да биде елитно место прво треба да НЕМА дупка на сред пристаниште у сред туристичка сезона. Не само таму туку и низ цел град. И да има осветлување и тротоари насекаде. Можам роман да напишам што уште треба да средат, реагира една корисничка на „X“.
Еве дел од реакциите на социјалната мрежа „X“:
Не рекалмирај брат, 200 ден стана пиво во Охрид.
— spmmak7 (@spmmak7) June 23, 2024
Алчноста и себичноста се поголеми од Охрид и Струга. Ќе бидат наскоро уништени како Будва и Златибор.
— Lex Sander (@alebajk) June 23, 2024
Се зависи од услугите што ги нуди Охрид и од клиентелата. Понудата и побарувачката ке ви кажат најубаво до каде ќе можите да ги кревате цените.
— bitolaman (@bitolamann) June 23, 2024
Уште малку згради од голубарници нека изградат и Охрид и Струга и биди убеден дека нема да бидат места за масовен туризам :)))
— П И П О (@HerrPIPO) June 23, 2024
Абе ова Охрид само за сиромашни било. Нема ли нешто поскапо и поексклузивно во Фиромистан? https://t.co/9xUCfUgQzl
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) June 22, 2024
Непопуларно мислење. Охрид треба да биде скап и треба да стане елитно место со сите нишани, а не секоја година УНЕСКО да не прекорува за глупостите што се прават. Квалитет наместо квантитет во секој поглед.
— Bojan Gavrovski (@bojang) June 22, 2024
200 денари лежалка, 150 денари пиво на плажа. На базен у Ск поскапо е. Охрид е евтин за тоа што го нуди. 2000 години историја, најстаро природно езеро во Европа, Unesco, балкански Ерусалим.. тоа што го гледаат само како летувалиште ко грчките селца кажува за тоа колку не знаат
— АТЕНТАТОРОТ (@ATEHTATOPOT) June 22, 2024