Владината зграда повторно оградена

Денес Владата на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

"Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена", се вели во владиното соопштение.