Филипче со ново ветување: Платите на докторите ќе се качат до 140 илјади денари, а на медицинските сестри до 90 илјади денари

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци на отварањето на нов изборен штаб вети огромно зголемување на платите на докторите и медицинските сестри.

„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите.

Тој истакна дека во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.