Фондот за здравство со нови директори: Клековски и Аџигогов

Денеска, се изврши примопредавање на должноста директор на ФЗОРСМ. Досегашните директори м-р Магдалена Филиповска-Грашкоска и д-р Асаф Абдурамани како в.д. директор им ја предадоа должноста на новите в.д. директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата на РСМ.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и со приватниот сектор.

Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот. Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.