[ФОТО] Отстранета пред 5 години – што остана од скапата ограда пред владата?

На вчерашната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Задачата за завршување на оваа обврска и припадна на владата служба за општи и заеднички работи. 

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, на својот фејсбук профил објави фотографии од оградата, која според него е во „незавидно лоша состојба“, но тој најави напори за нејзино враќање на „вистинското место“. 

„Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот. СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период“, стои во фејсбук објавата на Томовски.

Оградата која беше поставена во 2015, во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а извадена во 2019, од Зоран Заев, за објектот да биде отворен за граѓаните, повторно ќе биде поставена околу објектот.