Каква е состојбата на патиштата низ Македонија?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по  наместа влажни коловози известуваат од ЈП „Македонија пат“. Според ова јавно претпријатије сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонија Пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502“ се вели во соопштението.