Со новите 4 министерства, сега ќе имаме повеќе од Германија, Франција, Финска и Грција

Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства.

На Балканот, речиси сите држави имаат повеќе или сличен број на министерства како Германија.Србија има 21 министер, вклучувајќи и петте вицепремиери кои раководат со министерства.

Словенечката влада има 17 министри, од кои еден е без ресор.Хрватската влада има исто така 17 министерства, со четворица потпретседатели, од кои тројца водат министерства.

Владата на Босна и Херцеговина има 16 министерски позиции.Во Црна Гора има 18 министри и четворица потпретседатели.

Германија, со околу 80 милиони жители, има 16 министерства.Франција има 17 министри.Шпанија брои 22 министри, вклучувајќи три вицепремиери.

Финска и Бугарија имаат по 18 министри.Грција има 19 министри и пет алтернативни членови на владата.

Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства.

Постојат три клучни причини за овие интервенции во надлежностите на министерствата според предлогот.

''Прво, во моментов постојат нејаснотии при самата распределба на надлежности помеѓу министерствата, односно не постои јасна линија каде завршуваат ингеренциите на едно а каде започнуваат на друго министерство. Втора причина е што самата алокација на функции и нивното групирање во одредени органи не е рационално, односно постојат случаи каде повеќе несродни области се алоцирани во една институција. И трето, како дополнителен предизвик се јавува тоа што области кои во моментот се стратешки приоритети на државата, претставуваат клучни предизвици или се во фокусот на светската јавност не се соодветно пресликани во институционалната рамка на државата, туку се организациски единици во рамки на одредени министерства“, пишува во законот кој веќе доби поддршка во Собранието.

Не пишува колку пари ќе бидат потребни. Наведено е само дека „има финансиски импликации врз Републичкиот буџет“.