Се санира локацијата на местото на поранешните трафики кај Зелено пазарче

Откако граѓаните рагираа на неубавата глетка во близина на Зеленото пазарче во центарот на Скопје, денеска истата локација се уредува од страна на надлежните. 

Зарем вака треба да изгледа центарот на главниот град, на нашето Скопје? - прашаа граѓаните откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од тротоарот во близина на автобуската постојка кој е оставен несреден и полн отпадоци, откако се дислоцираа неколку трафики.