Арсовска повторно „ја подбраа“: Градот е Чернобил, велат жителите, додека таа се фали со новата Ботаничка градина

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска сподели фотографии од новата ботаничка градина во градот, но наиде на остри критики од скопјани. 

Очигледно, жителите на главниот град, не испуштаат прилика да ја искритикуваат Арсовска, а причина е токму тоа што градот е валкан, запуштен и небезбеден. 

Скопјани, револтирани, велат дека Арсовска го направила главниот град како Чернобил. Изминатиот период се погласни беа и повиците таа да си даде оставка, за да градот го превземе друг градоначалник. 

Еве дел од забелешките на скопјани. 

- Градов се труе во смет и валкани паркови, такашто ова е занемарливо. 

- Убаво е се што ќе се направи, ама и улицата од Пинтија до Драчево со години ли ќе се прави? Дојдете направете увид и повозете се еден ден по тие дупки, па може ќе Ви текне дека и овие луѓе во овој дел на Скопје гласаа за Вас.  

- Нов/а градоначалник/чка и фали на Скопје.Толку доверба се вложи во тебе, беда си невидена колку е несредено Скопје. 

- Секое семејство што има двор - гарант има поубаво уреден од ова што Вие го викате-Ботаничка градина. Зарем само ова го направивте за цел мандат до сега? Срам - Невиден Сте, пак уште се фотографирате!

- Пола Скопје е исушено, нема кој вода да пушти на зеленилото. Нема редовни автобуси, нема клима во јавниот превоз!