Подгответе се! Утре половина Скопје ќе остане без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Мишевска и Бранко Заревски, како и дел од корисниците од ул. Китка лоцирани до раскрсницата со ул. Ратко Митровиќ (општина Кисела Вода)

- во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Македонија како и објектите на Вардар Технометал, хотел Турист, ЈПДП, ВМРО и објектите во нивна околина (општина Центар)

- во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од ул. Јоаким Крчовски лоцирани кон Косовската Амбасада, како и корисниците од ул. Самоилова лоцирани на потегот од Косовската до Турската Амбасада (општина Центар)

- во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул. Никола Петров (општина Чаир)

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Девол (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците 9008 и Илија Ристовски (општина Аеродром)

- во периодот од 10.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Бродец (општина Чучер Сандево).