Целосно обновена хоризонталната и вертикална сигнализација на „Михаил Чаков“

Екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје целосно ја обновија хоризонталната и вертикална сигнализација на градската сообраќајница Михаил Чаков.

Обележани се пешачките премини во близина на училиштето Невена Ѓоргиева Дуња, поставени се гумени платоа за забавување на брзината на движење на возилата и поставени се нови сообраќајни знаци за пешаците, информираа од Град Скопје. 

- Со обновувањето на сообраќајната сигнализација, на крстосниците во надлежност на Град Скопје, значително се придонесува за зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, особено за најмладата популација, потенцираат надлежните.