ЈСП со важно соопштение за средношколците

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси  доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз.

- Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука…“, соопшти ЈСП.