Се реконструираат улици во Пинтија кои не биле чепнати три децении

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи објави дека започнува реконструкција на патната инфраструктура во Пинтија на површина од преку 5.000 квадратни метри.

Како што соопштија од Општината, станува збор за улиците „Саса 12“ и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.

„Започнуваме со еден поголем проект за реконструкција на улици во Пинтија кои биле заборавени повеќе од три децении. Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците “Саса 12” со сите нејзини краци и на сите краци на улицата  ‘Јабланица’. Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5.000 квадратни метри.  Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.