Pоденден на Кисела Вода: Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица со незаборавен концерт

По повод прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, вечер од 19 часот во паркот во Расадник ќе се одржи забава со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век  и многу други.

Синоќа, како што соопштија од Општината, на истата локација Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица одржаа незаборавен концерт во рамки на Културното лето 2024 на Општина Кисела Вода. На третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, публиката уживаше во жанровски различни музички вкусови и со што се покажа дека и понатаму концертите и добрата забава остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода.

Славица Ангелова и Александар Јосифовски. Џорџе Давид и Ивана Петерс донесоа одличен рок звук и хитови кои публиката ги дочека со огромни аплаузи. На сцената имаше и одлични дуети со македонските изведувачи. По нив следеше популарната Бресквица, која во моментот е една од најбараните пејачки, посебно кај помладата генерација.

На настанот публиката ја поздравил градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој им се заблагодарил и на присутните и на изведувачите за одличната забава во очи денешниот роденден на Општина Кисела Вода и потенцирал дека со ваква сплотеност и убава енергија се испишува новата историја на Кисела Вода.

„Среќа е кога сите сме на едно место и заеднички ја споделуваме. А вечерва, заедно со сите, како еден од вас покажавме колку сме горди на најубавата наша Кисела Вода. Ви благодарам на секој еден од вас – за сите стиснати раце, заедничките слики и прегратки за поддршка! Огромно благодарам на најзаслужните за оваа радост вечерва – Ѓорѓе Давид, Бресквица, нашата Андријана Петрушовска, неповторливата Ивана Петерс и сите ѕвезди кои вечерва ни го приредија ова. Знаете, испишуваме историја – Храброто срце на Скопје, Кисела Вода повторно живее! Продолжуваме утре, Суперхикс подготвуваат вистинско изненадување за сите вас! Се гледаме на најдобрата журка во Скопје", истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.