Се чистат депониите во строгиот Центар

Општина Центар ги расчистува депониите во строгиот Центар на градот. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека освен депониите исчистени се одводните шахти за атмосферските води со цел да се спречи нивното запушување, што може да биде ризично во случај повторно да имаме пороен дожд.

„Расчистена е депонијата помеѓу блоковите во Градски ѕид. На критичните точки во Пролет, Буњаковец, Зелен пазар, кај Беко и Капиштец внимателно ги исчистивме одводните шахти за атмосферските води со цел да се спречи нивното запушување, што може да биде ризично во случај повторно да имаме пороен дожд.

Косевме и кастревме околу пешачките патеки на повеќе локации во Центар. На барање на граѓаните, расчистени од гранки се тротоарите на ул. 50 дивизија“ се вели во објавата на Герасимовски