Се реконструираат нови 3000 м2 улици во населбата Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека во моментов се одвива Реконструктивен зафат на површина од 3028 квадрати се одвива на неколку краци на улицата “Христо Татарчев”. Нов асфалт добиваат кракот “2”, “8” и “10”. Овие улици според него не биле реконстурирани повеќе од 20 години.

„Овие сообраќајници кои иако се видно оштетени, не биле реконструирани повеќе од 20 години и за околу две седмици тие ќе бидат комплетно завршени, по што жителите од овој дел од општината ќе имаат подобри услови за движење и побезбеден сообраќај.

Сообраќајната голгота со која мојот народ во Кисела Вода се соочува со децении наназад, завршува. До крајот на мојот мандат, нема да има ниту една неасфалтирана улица!“, напиша Ѓорѓиевски.