Над 10.000 посетители на Два Бона и Пајак на Културното лето во Кисела Вода

Повеќе од 10 000 посетители имаше синоќа во паркот Расадник на втората фестивалска вечер од Културнoто Лето на Општина Кисела Вода, оваа вест ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

„Повеќе од 10.000 среќни лица вечерва беа сведоци на најдобрата забава во Скопје! Ви благодарам на сите кои со своето присуство додадовте парче во мозаикот на нашата Кисела Вода. Благодарарам на главните ,,виновници” за најдобрата журка во градот, Пајак и 2 Бона кои оваа вечер ја направија за паметење и ги сплотија младите во нашата општина, па и градот Скопје напиша“ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Добрата забава продолжува и во следните денови. Вечерва, петок од 20 30, на истата локација, во Расадник, настапуваат гости од Србија- Ѓорѓе Давид, Бресквица и Ивана Петерс на кои музички ќе им се придружи и Андријана Петрушовска.