Општина Гази Баба обезбедува бесплатна униформа за секој ученик

Со почеток на учебната 2024 / 2025 година, сите ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа, оваа информација на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот Бобан Стефковски.

„Овој проект започна да се реализира во општина Гази Баба со моето доаѓање за градоначалник со што го исполнив ветувањето кое го дадов за време на изборите, дека сите ученици ќе добиваат бесплатни униформи.

Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците“ напиша Стефковски