За првпат општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини

Општина Ѓорче Петров за прв пат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината објави градоначалникот Александар Стојковски. Според него со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината

„Склучивме договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на едно повиско ниво.

Упатувам апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.

Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров.  Јавната хигиена зависи од сите нас. Апелирам да бидеме одговорни“ напиша Стојковски