Нема крај на проблемите во јавниот превоз, приватните превозници до петок ќе возат само до 10 часот изутрина

Повторно турбуленции во јавниот превоз. Приватните превозници како предупредување до петок ќе возат само до 10 часот изутрина, а патоа ќе одлучат што да прават. Велат дека бараат од Град Скопје финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните. Од на што го велат последни пари им биле исплатени во јануари кога земале само дел од средствата.

Во меѓувреме имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

„До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме“, изјави за МИА Оливер Петрушевски.