Пинг-понг помеѓу ЈСП и приватниците, едните викаат превозот ќе си тече нормално другите дека ќе возат само до 11 часот

Се додека ЈСП не им префрли пари за гориво приватните превозници ќе возат секој ден до 11 часот, ваква одлука донеле вчера. Возачите вчера ги паркираа автобусите еден час пред пладне. Тие тврдат дека ЈСП на нив им должи вкупно 110 милиони денари на трите фирми кај кои се распоредени приватниците.

Од ЈСП велат дека тоа не е точно, Долгот не е толку голем како што го претставуваат приватниците и тој изнесува само 34 милиони денари кои редовно се исплаќаат.

„Должни сме да потенцираме дека долг од 140 милиони денари во ЈСП кон приватните превозници нема. Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта, односно секој месев одприлика околу 35 милиони месечно се фактурираат од превозниците во континуитет“, стои во соопштението на јавното сообраќајно претпријатие.

Приватниците предупредуваат дека од следната недела постепено ќе се намалува времето до кога работат, а постои опасност и воопшто да не возат, доколку не добијат пари на сметките