Денес без вода улицата „Сердарот“ во Карпош

Денеска ќе има прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците на ул. Сердарот бб (во близина на игралиштето) во Општина Карпош, поради уличен дефект на водоводната цевка ф-100 мм.  

ЈП Водовод и канализација известува дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:15 часот па се до завршување на санацијата.