Има голем дефект: Делови од две големи општини попладнево без вода

Без вода денеска од 12:45 часот се дел од корисниците на улиците „Анастас Митрев“, „Петар Ацев“, „Нов Живот“, „Гвадалахара“ и „Диме Мечето“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје , прекинот на улиците „Анастас Митрев“ и „Петар Ацев“ е настанат поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата „Анастас Митрев“ број 27. 

Прекинот на улиците „Нов Живот“, „Гвадалахара“ и „Диме Мечето“ е настанат поради скината цевка од страна на приватна фирма на улицата „Нов Живот“ бб.

Корисниците ќе бидат без вода се додека не се санираат дефектите.