Општина Карпош целосно го реконструираше вториот дел од улицата Козле 3 во Нерези

Општина Карпош целосно го реконстурираше вториот дел од улица Козле 3 во урбаната заедница Нерези. Според општината за оваа намена се издовени околу 3.3 милиони денари.

„Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици“ стои во соопштението на општина Карпош