Општина Ѓорче Петров за прв пат ќе организира филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината

Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија за првпат ќе организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината најави градоначалникот Александар Стојковски. Тој посочи дека филмскиот караван започнува овој викенд (6-ти и 7-ми јули) во населба Хром, поточно на полјанката.

„Проекциите ќе се реализираат по следниот редослед:

6-ти јули (сабота) во 21ч.

Филм за деца до 15 годишна возраст

„Стела" - Филм на Стојан Вујишиќ

7-ми јули (недела) во 21ч.

Филм за повозрасната генерација жители

"Те дуа, жими мене" - Филм на Марјан Гавриловски

Целта на овој проект е промоција на културата, како и промовирање на македонски филмови, сѐ со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.

Ваше е само да дојдете и да уживате во овој убав настан, кој веруваме дека ќе остане пракса и понатаму“ напиша Стојковски