Општина Карпош ги исплати стипендиите за талентираните ученици од 8 и 9 одделение

Општина Карпош инфомираше дека со завршување на учебната 2023/2024 година , Општина Карпош во целост ги исплати стипендиите на талентираните ученици од општинските основни училишта за учебната 2023/2024 година.

„Исплатени се вкупно 3.161.166 денари на 32 ученици, од кои 23 ученици се добитници осуммесечна стипендија од прва категорија во висина на 3.000 денари и 9 ученици се добитниви на стипшендија од втора категорија во висина на 2.500 денари.

Општината Карпош и понатаму ќе го стимулира и ќе го развива талентот на учениците и ќе овозможува надградување во областите каде учениците покажуваат особени успеси.

При крајот на месец август Општина Карпош ќе објави Оглас за доделување на стипендии за талентитани ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2024/2025 година“  стои во соопштението на општината