Вчера некој го ограбил и демолирал комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека комуналниот пункт на општина Центар во населбата Капиштец е ограбен и демолиран. Од фотографиите што ги приложи грдоначалникот се гледа дека прозорецот на куќарката е искршен и украдени се алатките и опремата што ја користат хигиеничарите

„Внатрешноста е целосно демолирана. Штетата е проценета на 70.000 денари. Кражбата ја пријавивме во МВР, по што е направен и увид.  Побаравме од полицијата да ги засили контролите во населбата, со оглед на многубројните пријави и реагирања на граѓаните за ноќното дивеење и вандализирање на јавните објекти во Капиштец. Ваквите инциденти и појави ги вознемируваат жителите, а ги охрабруваат хулиганите, бидејќи нема ниту казни ниту санкции. Работата на полицијата е да ги санкционира сите оние што го загрозуваат и нарушуваат јавниот ред и мир и го уништуваат заедничкото добро. Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминуваат неказнето, а сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат напиша Герасимовски