Утре и задутре „Свети Спас“ организира собирни пунктови за храна пред неколку скопски маркети

Од Хуманитарната организација „Свети Спас“-Скопје ги повикуваат сите хумани граѓани да одговорат на нивниот повик за собирање на донации во храна. 

- Од оправдани причини, магацинот подолг период не функционираше со полн капацитет и во моментов речиси е празен, немајќи доволно донации за семејствата од нашата програма за помош. Од таа причина приморани сме да направиме збирна акција пред маркетите надевајќи се дека ќе одговорите на нашиот повик и дека ќе собереме доволно храна за да можеме да продолжиме со нашата борба против гладот во Македонија, велат од организацијата. 

Акцијата ќе се спроведе утре и задутре на следните локации:

Сабота од 12.00 часот до 20.00 часот

1. ГИГО МАРКЕТ- ДРАЧЕВО

2. СУПЕРТИНЕКС НА ПРВОМАЈСКА

3. ВЕРО ЏАМБО - ЦЕНТАР

4. ВЕРО 2 - ТАФТАЛИЏЕ

5. ТИНЕКС - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Недела од 12.00 часот до 20.00 часот

1. ВЕРО ЏАМБО - ЦЕНТАР

- Ве покануваме на нашите пунктови да ја изразите вашата поддршка кон мисијата на нашата организација со донации во храна и хигиенски средства, а ве замолуваме да ги означите градоначалниците, политичарите, директорите и сите оние кои би можеле да се вклучат и да помогнат акцијата да биде успешна и да собереме доволно храна. Се гледаме на нашите пунктови, се наведува во повикот од хуманите луѓе од „Свети Спас“.