(ФОТО) Обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка

На плоштадот „Македонија“ во Скопје изминатите дена се собираа донации за настраданите во Турција и Сирија по силните земјотреси, но волонтерите се револтирани поради тоа какви донации добиле од дел од граѓаните.

Најголемо внимание привлекоа сандалите и високите потпетици кои беа донирани за настраданото население. 

За ова свој ироничен коментар даде и актерката иактивистка Ирена Ристиќ. 

-Дека секоја генерализација е погрешна, дека ете, на пример, ние сме сиромави, но хумани, дека сме утепани, но со големо срце, дека сме стока со душа планина, докажува и овој обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка...Без мозок! Без мозок! - напиша Ристиќ на својот фејсбук профил.