Не паркирајте под високи дрвjа, се очекува невреме

Поради најавите за променливо облачно и нестабилно време со грмежи, ветер и појава на град, од ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до сите граѓани да не ги паркираат возилата под високите дрвја за да се избегнат несакани штети.

- Денес нашите теренски екипи сѐ уште интензивно работат на расчистување на паднатите гранки и дрвја од невремето кое завчера го зафати Скопје, информираа од претпријатието.