Кутиите за донации во скопската Зоолошка ќе бидат оставени и неделава

Изминатиот викенд, во Зоолошка градина Скопје се одржа хуманитарниот настан „Со срце од Скопје ЗОО за Турција и Сирија".

Тимот на Скопје ЗОО со поддршка од Градот Скопје и МКЦ ја покрена оваа солидарна иницијатива за погодените семејства од земјотресот, а настанот со музичко-едукативни точки го разубавеа дечињата од ДКЦ Карпош, Стела и Сани, малата балерина Галена Љутков, слончето Халки, Градскиот мешан хор Вардар. Свое обраќање имаше и Јасмин Реџепи кој изминатиот период волонтираше во спасувачките акции во Турција.

-Голема благодарност до сите учесници кои дадоа свој придонес во оваа заедничка хумана мисија, на сите посетители кои од срце донираа за Турција и Сирија, како и на нашите пријатели од Вива, Халк Банка, Телеком, Пелистерка и Систина кои поделија подароци за сите посетители, порачаа од скопска Зоолошка. 

Кутиите за донации ќе бидат поставени на билетарата во Зоолошка градина Скопје до следната недела и се уште може сите хумани граѓани да се приклучат на апелот за донирање.

Собраните средства ќе бидат уплатени на сметката на Црвен Крст, отворена за настраданите во земјотресот.