„Парадата на гордоста“ денеска ќе затвори дел од Скопје за сообраќај

Денеска (сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Годинешната парадата е под мотото „Спектакуларно непослушни”.

- Парадата на гордоста е исклучително важна форма на протест на ЛГБТИ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи, нагласуваат од Тимот на Скопје Прајд.

Организаторите и годинава очекуваат медиумите за овој настан да известуваат професионално и согласно етичките новинарски стандарди и позитивниот тренд на информирање за ЛГБТИ + темите низ призмата на човекови права да продолжи и оваа година.