Табановце и Богородица: Зголемена фреквенција на возила за излез од земјата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, времето на чекање е 30-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.