Синиша Стојановски е новиот директор на „8-ми септември“

Две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.

Работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот. Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.