Пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане

Од денеска е пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека со овој концепт се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.

„Резултатот на соработката е тоа сме сме тука заедно каде го означуваме стартот на работата на двете царниски управи, денес сме пример како треба да се однесуваат две соседни држави, со ова се олеснува работата на 11 000 компании кои се занимаваат со извоз, ние не застануваме тука, се работи и на нов коридор 8, нешто што во следните пет години ќе стане реалност, ќе имаме најдобра инфраструктура на Балканот, заедно со Италија, Бугарија и Албанија, коридор 8 може да добива финансирање од ЕУ, и работиме на изградба на железничка пруга меѓу Албанија и Македонија“, рече Ковачевски.

Како што вели тој, зголемена е соработката меѓу двете земји.

„Јас сум еден од оние кои повторуваат дека не ни требаат граници, она што следува е и зголемување на службениците на патарините и границите, со отворен Балкан 40 отсто е зголемена трговската размена меѓу Албанија и Македонија.  До се побрзо укинување на границите кога и Македонија и Албанија ќе станат членки на ЕУ“, додаде Ковачевски.

Вицепремиерот Груби рече дека е огромно задоволсто да се присуствува на овој настан и изрази огромно благодарност до Ковачевски и до царина, за овој значаен проект, за соработката меѓу Албанија и Македонија и посочи дека ова е само еден чекор кон надминување на сите пречки меѓу двете земји.

Претходно беше потпишан Протоколот за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, односно поквалитетни услуги и побрз проток на стоки и патници.