Свечен пречек со највисоки државни и воени почести за Столтенберг во Скопје

Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера вечерта слета на Меѓународниот аеродром Скопје.

На аеродромот беа пречекани од висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде се одржи свечен прием во нивна чест.

Денес на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.

Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.