Судир на патот Гостивар-Кичево: Малолетник на четирицкл тешко повреден

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол На 01.07.2024 во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од с.Козица, кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с.Длабкин Дол, кичевско.

Малолетникот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.