Тетовчанец приведен по централна потерница

Вчера во 18.00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле В.С.(28) од тетовско Стримница.

Тој бил баран со централна потерница за издржување на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

В.С. е  предаден во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.