Приведен тинејџер во Кочани, пронајдена марихуана

На 03.07.2024 во 15.45 часот во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Д.С.(19) од Кочани, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.