Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор во Гостивар

На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.