Автомобил излетал од патот Гостивар-Кичево: Три лица повредени

На 27.06.2024 околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот.

Кај возачот и сопатникот С.Ј. (61) од Охрид биле констатирани телесни повреди, а кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.