Маж од Кочани тешко повреден на работа, трудов инспектор известен

Вчера во 11.00 часот во Полициска станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот С.Х. од Кочани, извести МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во кочанско. Известен бил трудов инспектор и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.