Несреќа во Кочани: Виничанец тешко повреден при пад од мопед

На 03.07.2024 во 12.47 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.