Уапсени двајца кавадарчани, едниот ја тепал мајка си, другиот сопругата и нејзиниот татко

Двајца кавадарчани се уапсени од страна на полицијата откако извршиле насилство. Едниот ја нападнал сопругата и нејзинот татко во семејниот дом, додека другиот ја нападнал мајка си исто така во семејниот дом. Од СВР Велес известуваат дека против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 25 години, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 21-годишна сопруга и нејзиниот 49-годишен татко. Подоцна, во 21:25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 33 години, по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка, дека во семејниот дом физички ја нападнал“, појаснуваат од СВР – Велес.

И во двата случаја известен бил јавен обвинител, а по документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.