Стефковски: Делата говорат за нашата посветеност за инклузивна општина

За нашата посветеност кон создавање на инклузивна општина со достапно образование за сите говорат реализираните проекти. Ова на својата фејсбук страна го напиша градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски промовирајќи го новиот лифт во општинското основно училиште 25 Мај.

Со реализацијата на овој проект продолжува процесот на постигнување на целосна инклузија во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

„Обезбедуваме поквалитетни услови за реализација на образовниот процес за учениците со посебни образовни потреби“, истакна Стефковски заблагодарувајќи се на донаторите кои помогнале за реализација на овој важен проект.