„Како торнадо да помина“ - Од доцна синоќа се санираат штетите од невремето во Гази Баба

Силно невреме вчеравечер ја зафати скопската општина Гази Баба. Уште истата вечер градоначалникот Бобан Стефковски го активираше општинскиот штаб за постапување во вакви состојби и го задолжи директорот на ЈКП Гази Баба за формирање на тимови за делување на терен. 

- Екипите на ЈКП Гази Баба започнаа со активности за расчистување на последиците кои настанаа од големото невреме кое попладнево ја зафати општина Гази Баба. Пристигнати се пријави за повеќе од 50 локации и тимовите во текот на вечерта и рано наутро ќе вршат расчистување на истите, информираше доцна синоќа Стефковски. 

Жителите споделуваат дека имало паднати дрвја, оштетени покриви, поплавени подрумски простории.

„Како торнадо да помина“, споделува еден жител на Гази Баба. 

Тој ги информираше земјоделците во однос на настанатата штета врз земјоделските поседи дека разговарал со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и заеднички е заклучено дека ќе се изнајде решение за овој проблем.