Стефковски вети помош за семејството од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковсми денес го посети семејството на Зоран Богдановски од Јурумлери, чиј дом беше зафатен од голем пожар.

- Огнот за момент комплетно го уништил домот на семејството Богдановски и се она што со години наназад го граделе. Среќа е што Зоран, неговите деца и внуци кои биле во домот за време на пожарот останале неповредени, рече Стефковски и вети дека ќе се заложат, како општина, да му помогнат на ова семејство, 

- Како градоначалник ќе доставам предлог до Советот за определување на финансиска поддршка за реконструкција на домот на семејството Богдановски, а вооедно упатувам апел до сите општествено - одговорни компании и граѓани кои имаат можност да донираат за заедно да помогнеме за надминување на маката на Зоран и неговото семејство, порача Стефковски. 

Сите кои се во можност може да донираат на следнава сметка: 

270-7000494939.08 - Халкбанка

Со ознака Донации

На име Маја Ѓорѓиев