Скопјани незадоволни од условите за живот, еве на што се жалат најмногу

Скопје уште еднаш влезе во категоријата на градови каде жителите на главниот град се незадоволни од условите за живот.

Како главни критериурми во извештајот на SchengenVisaInfo.com се вклучени повеќе аспекти како безбедноста, пристапот до јавни добра, здравствената заштита, киријата и јавната администрација.

Она што е интересното во овој извештај е што помалите градови се сметаат за подобри места за живеење за постари лица, фамилии со деца и според најновите критериуми и за мигрантите. 

Скопјани и претходно ги истакнувале недостатоците со кои се соочуваат секојдневно, а се однесуваат на безбедноста во сообраќајот, аерозагадувањето, квалитетот на здравствените услуги, културата во градот...

 Скопјани во последната година најмногу реагираат на јавниот превоз кој го оценуваат како небезбеден, нередовен и невалитетен. 

Само 47 отсто скопјани изјавиле дека се задоволни од јавниот превоз. 

На последното место на листата Скопје е и во однос на прашањето за задоволството на жителите од квалитетот на воздухот во градот. Според резултатите од истражувањето, само 12 отсто од скопјани изјавиле дека се задоволни од квалитетот на воздухот.  Впрочем за ова прашање и нема потреба од многу дополнително објаснување со оглед дека скопјани периодов функционираат во еден од најзагадените градови во светот.