Протоколарна средба со лапсус: Орхан Муртезани ги смеша Дејвид и Ричард Гир

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба.

На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи лапсус, па наместо Дејвид Гир, новиот министер го престави својот гостин како познатиот холивудски актер, Ричард Гир, по што набрзо беше поправен од присутните новинари.